Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Сончево и топло време со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе биде од 19 до 17 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 29 до 34 степени.
И во Скопје, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од 15 степени наутро, до 34 во текот на денот.
За утре се прогнозира сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Макисмалната температура ќе биде 36 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со грмежи и засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 27 до 33 степени.
