Полицијата успеа да ги потисне демонстрантите за случајот „Монструм“ од ТЦ „Мавровка“ кон Бит-пазар откако собирот стана тензичен, при што има повредени од двете страни.
Но, дел од демонстрантите сѐ уште фрлаат предмети кон полицијата, а се слушаат и експлозии од шок-бомби.
Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените во случајот кои се жалат дека тие се невини и осудени без докази.
Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече во вторникот (23 февруари) на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.