Демонстрантите веќе деветти ден протестираат во центарот на софија и во други градови низ државата, барајќи оставка од Владата на Борисов и од главниот јавен обвинител
Протести против Владата на Бугарија и против главниот обвинител се одржуваат веќе деветти ден по ред во Софија и во други бугарски градови.
Демонстрантите во Софија во попладневните часови почнаа да се собираат пред зградата на претседателството, каде што има силно полициско обезбедување.
Претходно заменик началникот на полицијата во Софија, Антон Златанов изјави дека осум лица се приведени на 16 јули, пред и по антивладините протести во бугарскиот главен град. Златанов рече дека кај двајца приведени е пронајдена дрога, а кај шест лица се ножеви, солзавец и пиротехника.
Регионалниот суд во Софија, исто така, денеска одреди кауција за четворица млади, кои беа уапсени и обвинети за фрлање шишиња и метални лименки кон полицајците и фрлање на нив во зградата на Националното собрание за време на антивладините протести на 14 јули.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си поднесат оставки поради протестите.