Според извештаите на Министерството за здравство, во последните два дена во Неготино беа регистрирани 84 нови случаи, а во Гевгелија 64. Во моментов активни случаи во Неготино се 305, а во Гевгелија 255
Да се воведе полициски час на територијата на Општина Гевгелија во периодот од 21:30 до 5 часот наутро секој ден додека да се стабилизира состојбата, побара гевгелискиот општински Кризен штаб по денешната седница од Главниот кризен штаб.
Покрај полициски час, штабот бара и враќање на претходните рестрикции за ограничувања на капацитетот во јавниот превоз односно во автобусите на 50 проценти наместо актуелните ограничуваања од 75 проценти.
Меѓу одлуките на Кризниот штаб во Гевгелија е и забрана за групирања на јавни површини во Општината, во туристичките места Смрдлива вода и Негорски бањи како и во планинските села Конско, Серменин и Ума.
Вчера, одлука да се испрати допис со барање за полициски час на неопределено време на својата територија донесе и Кризниот штаб во Неготино.
Според извештаите на Министерството за здравство, во последните два дена во Неготино беа регистрирани 84 нови случаи (денеска 54 случаи, вчера 30), а во Гевгелија 64 (денеска 22, вчера 42). Во моментов активни случаи во Неготино се 305, а во Гевгелија 255.