Ќе водиме политички разговори со сите партии застапени во парламентот, рече Василев
Продолжуваме со промената нема да поддржи кабинет со мандат или учество на ГЕРБ.
Ова го изјави копретседателот на Продолжуваме со промените Асен Василев по состанокот на политичкиот врв на партијата, јави Вести.бг.
„Ќе водиме политички разговори со сите партии застапени во парламентот“,
додаде Василев.
Јасно им ветивме на нашите гласачи нормален европски живот, кој вклучува фер и слободни избори, изјави другиот копретседател на Продолжуваме на промените, Кирил Петков.
Официјална прес-конференција на раководството на коалицијата Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија ќе се одржи по одвоените состаноци на двете партии.
Во Бугарија во неделата се одржаа парламентарни избори, петти по ред во период од две години. Според резултатите кои ги објави Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија, во новиот состав на бугарскиот парламент ќе влезат шест партии, односно коалиции. Прва со најмногу гласови е коалицијата ГЕРБ-СДС на поранешниот премиер Бојко Борисов. Таа има 49 769 гласа повеќе, или помалку од два отсто од второпласираната коалиција на Кирил Петков – Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија (ПП-ДБ).