Една од пациентките на Асани беше и родилката Јилдз Веапоска од Дебар која подоцна остана без јајник, матка и бубрег
Според пресудата, Асани не смее да направи ново кривично дело во следните четири години, а во спротивно, ќе треба да одлежи казна затвор во траење од две години. Пресудата доаѓа две години откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонреден надзор во нелегалната ординација во домот на гинекологот
Основниот суд Струга изрече условна казна затвор за гинекологот Мухамед Асани кој во нелегална гинеколошка ординација во својата куќа давал здравствени услуги. Една од пациентките на Асани беше и родилката Јилдз Веапоска од Дебар која подоцна остана без јајник, матка и бубрег.
Според пресудата, Асани не смее да направи ново кривично дело во следните четири години, а во спротивно, ќе треба да одлежи казна затвор во траење од две години.
Во изјава за дел од медиумите, родилката Веапоска на која ѝ беа извадени дел од органите вели дека е задоволна од пресудата за Асани.
„Задоволна сум од исходот на случајот за нелегалната ординација, бидејќи му ја најдоа и го казнија за тоа што нелегално ме прегледуваше мене и сите жени во таа ординација. Таму имаше и други жени кои беа прегледувани. Верувам дека сум заштитила и други жени кои би отишле таму да се прегледуваат. Дај Боже на пресудата за вадењето на моите органи, да се казни со затвор. Сакам повеќе да не е доктор. Да не осакатува други жени. Затоа и тргнав во оваа работа“,
вели Веапоска.
Пресудата доаѓа две години откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изврши вонреден надзор во нелегалната ординација во домот на гинекологот. Тогашната директорка на инспекторатот, Ирина Сотирова – Бухова, констатираше дека Асани имал комплетна ординација, која не била регистрирана и поднесе кривична пријава.
Инаку, Мухамед Асани беше директор на струшката болница, а по јавното обелоденување на случајот со родилката Ваепоска, тој беше разрешен од функцијата.