Зеленски, пак, претходно објави видео од уништената брана и ги нарече руските сили во Украина „терористи“
Најголема технолошка катастрофа во Европа во последните децении, вака шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба го оцени уништувањето на браната „Нова Каховка“ кај Херсон.
„Русија ја уништи браната ‘Каховка’ и на тој начин ја предизвика веројатно најголемата технолошка катастрофа во Европа во последните децении. Илјадници цивили се во опасност. Ова е сериозно воено злосторство. Единствениот начин да се запре Русија, најголемиот терорист на 21 век, е целосно протерување од Украина“,
напиша Кулеба на Твитер.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави видео од уништената брана и ги нарече руските сили во Украина „терористи“.
Локалното население веќе се евакуира, а украинското Министерство за внатрешни работи објави дека околу 16 000 луѓе би можеле да бидат погодени од поплавата.