Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволно заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев поради континуираната закана од руска воена акција“, но нема да организира евакуација
Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников синоќа соопшти дека пристигнала втората пратка оружје од САД како дел од одбранбената помош од 200 милиони долари.
„Втора птица во Киев! Повеќе од 80 тони оружје за зајакнување на украинските одбранбени способности од нашите пријатели во САД! И ова не е крајот“,
напишал Резников на Твитер.
Во саботата во Киев пристигна првата пратка од пакетот безбедносна поддршка, вклучително и муниција.
Пакетот помош беше одобрен од Вашингтон во декември.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот на Твитер изрази благодарност на американскиот претседател Џо Бајден за „досега невидена“ дипломатска и воена помош.
Вашингтон соопшти оти ќе продолжи да ја поддржува Украина поради загриженоста во Киев и нејзините западни сојузници, поради десетиците војнички трупи поставени долж границата со Украина.
Русија, пак, и понатаму негира дека планира воена офанзива врз Украина.
Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил „доброволно заминување на американските државни службеници и наредил заминување на членовите на нивните семејства од Амбасадата во Киев поради континуираната закана од руска воена акција“, но нема да организира евакуација.
Воедно, оттаму упатија и препорака до американските државјани во Украина да размислат за можноста за напуштање на земјата од безбедносни причини.
Велика Британија, пак, почна да повлекува дел од персоналот од својата амбасада во Украина, објави Би-Би-Си, а официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија.
Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина, тврдејќи дека Русија може да ја нападне Украина во секое време.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, пак, Жозеп Борел на препораките од САД истакна дека ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина и оти очекува објасување од САД за овој потег.