„Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и електронските услуги“, се наведува во соопштението
Управата за јавни приходи (УЈП) вечерва соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ-системот.
„Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 9 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации“,
стои во соопштението на УЈП.
Како што информираат од УЈП, во прекин ќе бидат и е-ПДД и апликацијата мојДДВ.
„Штом завршат активностите системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и електронските услуги“,
се наведува во соопштението.
Дел од медиумите наведуваат дека апликацијата мојДДВ не работела и изминатите неколку дена, односно дека до услугата не можело да се пристапи во утринските часови, а апликацијата за скенирање фискални сметки повторно се враќала во функција во попладневните часови.