Пред ова, УХМР најавуваше дека кон Македонија се движи невреме од другите земји

Според најновите податоци објавени вечерва, Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека нестабилноста во земјава се намалува.
„Според радарската слика во моментов нестабилноста се намалува! Невремето се испразни во Црна Гора, Албанија и Косово! Врнежи од дожд има во северозападните делови на Македонија!“,
објави УХМР.
Од објавите на УХМР во текот на вечерта се соопштува дека слаби до умерени врнежи од дожд, освен во северозападните, имало и во централните и североисточните делови на земјава.
Пред ова, УХМР најавуваше дека кон Македонија се движи невреме од другите земји.
Инаку, денеска по 17 часот, силно невреме проследено со ветер и дожд го зафати Скопје, како и други делови од земјава.
Во главниот град, силниот ветер, освен дожд, пред себе носеше и прашина и ситен отпад, а предизвика и штети на повеќе места.
Според некои медиуми, ветрот достигнал и до 90 километри на час, а на „112“, досега се примени над 8 300 повици.
Поради состојбата, повеќе скопски општини ги активираа своите кризни штабови и ги мобилизираа службите за заштита и спасување.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА:
