Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вечерва соопшти дека невреме од Косово и Албанија доаѓа кон Македонија

Пространи зелени површини поклопени со паднати дрвја, блокирани патеки, скршени големи гранки и лисја насекаде. Ваква е сликата во Градскиот парк во Скопје, по силното невреме што попладнево, нешто по 17 часот, го зафати главниот град.

Дел од дрвјата што настрадаа во паркот се високи и раскошни, што претставува значителна штета за едно од најпосетуваните рекреативни места за скопјани.




Поради невремето, откажан е и концертот на британската пејачка Џос Стоун, кој требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, соопшти организаторот.
„Невремето предизвика оштетување на комплетната продукциска опрема, како и на просторот предвиден за одржување на вечерашниот концерт на Џос Стоун. По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови салата и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот“,
соопшти „Авалон“.
Информации околу повратот на средствата за купените билети, граѓаните ќе добијат утре, велат од „Авалон“.
Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) вечерва соопшти дека невреме од Косово и Албанија доаѓа кон Македонија.
