Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава попладне по 17 часот, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, струмичко…
Невреме од Албанија и Косово во моментов се движи кон Македонија, информира вечерва Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според УХМР, невремето можно е да биде со поизразени врнежи на град, наместо ветер, како што беше претходното попладнево по 17 часот.
Невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на суградица зафати повеќе делови од државава претходно попладнево, предизвикувајќи штети во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Виница, струмичко…
Во Скопје, покрај материјалните штети, од Брзата помош соопштија дека петмина граѓани повредени од невремето се пренесени во болница.
Инаку, и претходно УХМР објави дека до петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.
„Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град“,
соопшти УХМР.
