УХМР за денеска во попладневните часови најавува врнежи од дожд и силен ветер со брзина од над 70 километри на час.
Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлините услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.
Завчера Скопје беше зафатено од големо невреме по кое останаа откорнати фасади, покриви, заштитни огради, бандери и паднати дрвја и беа предизвикани големи материјални штети, особено во Центар и Карпош.
Невремето не го издржаа ниту дел од барокните фасади на објекти од „Скопје 2014“. Градоначалниците Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, утрово објавија фотографии од разурнатата фасада на зградата АД МЕПСО, чија изградба чинеше повеќе од 11 милиони евра. За ова ОЈО отвори предмет.