Пакистан е погоден од бран насилства пред утрешните парламентарни избори
Најмалку 12 лица загинаа во експлозија во југозападниот регион на Пакистан, Балучистан. Локалните власти соопштија дека експлозијата се случила во близина на канцеларијата на еден од независните кандидати за избори. Болницата Канзаи, која се наоѓа во близина на местото на експлозијата, ја потврди смртта на 12 лица и соопшти дека повеќе од 20 други се повредени, пренесува Скај њуз.
Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Пакистан е погоден од бран насилства пред утрешните парламентарни избори. Победникот на последните избори Имран Кан е во затвор.
Завчера 10 полицајци загинаа, а уште шест беа повредени во напад во раните утрински часови на полициска станица во областа Драбан. Минатата недела во ист ден беа застрелани двајца кандидати за избори. Еден ден пред тоа во бомба детонирана на изборен митинг загинаа четири лица. Одговорноста за нападот ја презеде „Исламската држава“.