Од понеделник се очекува да има сончево и топло време, а во попладневните часови со услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Сончево и топло време со мала до умерена облачност најавуваат метеоролозите за денеска. Во попладневните часови на некои места ќе има услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 26 до 35 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 35 степени.
За утре, во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови од земјата повремено засилен северозападен ветер. Слично време се прогнозира и за Скопје – сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура утре ќе се искачи до 36 степени.
Од понеделник се очекува да има сончево и топло време, а во попладневните часови со услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
