Воведувањето на системот „One Stop Shop“ најпрво ќе започне на граничниот премин „Ќафасан“, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини
По македонската, и Владата на Албанија денеска го изгласа пуштањето во употреба на системот за зеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Северна Македонија.

„Според одлуката, договорот има за цел создавање заеднички гранични премини меѓу двете земји и развивање координирани процедури за гранична контрола, со цел олеснување на движењето на патници и стоки, како и зајакнување на прекуграничната соработка“,
објави Албанската телеграфска агенција (АТА).
Македонската влада пред три дена објави дека го изгласала пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Албанија, со што се заокружува процесот на воспоставување на системот со трите соседни земји кои не се дел од Шенген, имајќи предвид дека веќе функционира со Србија и Косово.
Воведувањето на системот „One Stop Shop“ најпрво ќе започне на граничниот премин „Ќафасан“, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.
