Активен е пожарот на територија на Општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и пожарот на територија на Општина Ново Село, кај Ново Село на планината Огражден, каде што горат депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а 12 пожари се изгаснати.
Активен е пожарот на територија на Општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол, каде што горат ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и пожарот на територија на Општина Ново Село, кај Ново Село на планината Огражден, каде што горат депонија, мешана деградирана шума и ниска вегетација.
Според ЦУК, пожарот на градската депонија во Општина Делчево се држи под контрола.
Од ЦУК информираа за локациите на изгаснатите пожари:
Општина Виница – с. Блатец (ниска вегетација);
Општина Штип – населба Света Петка (ниска вегетација);
Општина Центар Жупа – с. Горенци (депонија);
Општина Кичево – с. Бачинци (ѓубре);
Општина Лозово – непосредно до пречистителната станица за вода (ѓубре);
Општина Куманово – населба Средорек (ѓубре);
Општина Брвеница – с. Милетино (шумски пожар);
Општина Желино – с. Долна Лешница (ниска вегетација);
Општина Теарце – с. Слатина (ниска вегетација);
Општина Врапчиште – с. Врапчиште, кај ресторанот Чифлик (ниска вегетација);
Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Сарај – с. Долно Свиларе (мешана шума и ниска вегетација).
