Под контрола се пожарите на четири локации – во Делчево, кај Ново Село, во кичевското село Манастирско Доленци и кај Копанце во Општина Јегуновце

Вкупно 51 пожар на отворен простор биле регистрирани на територијата на државата до 07:30 часот утрово. Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните екипи успеале целосно да локализираат и изгаснат 42 пожари, четири се ставени под контрола, додека пет сѐ уште се активни.
Активни пожари има во Општина Студеничани, каде што е зафатена мешана шума над селата Моране, Вртекица и Рамни Габер. Во Општина Босилово има пожар на ниска вегетација и шамак во атарот на селото Старо Балдовци. Од ЦУК велат дека ниска вегетација гори во општините Могила и Новаци кои се во близина на селата Лозани и Маково. Во Општина Крива Паланка гори ниска вегетација и багремова шума кај селото Муждивњак.
Под контрола се пожарите на четири локации – градската депонија во Делчево, на планината Огражден кај Ново Село, каде што беа зафатени депонија, деградирана шума и ниска вегетација, шума кај селото Манастирско Доленци во Општина Кичево и шума и ниската вегетација кај селото Копанце во Општина Јегуновце.
Во изминатото деноноќие од ЦУК велат дека биле изгаснати пожари на 42 локации каде што гореле ниска вегетација, грмушки, нискостеблеста шумска, стрништа, трње, ѓубре.
