Со тоа, Црна Гора се вклучува во списокот од 79 земји каде што се регистрирани мајмунски сипаници
Црна Гора го регистрира првиот случај на мајмунски сипаници кај црногорски државјанин. Пациентот е во добра општа состојба, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
„Лабораторијата на Одделението за молекуларна дијагностика на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, во соработка со Институтот за вирусологија, вакцини и серуми ‘Торлак’, го откри и го потврди првиот случај на мајмунски сипаници“,
соопшти ИЈЗ.
Во соопштението од Институтот се наведува дека се спроведени сите неопходни мерки за пациентот и неговите контакти, со цел да се спречи ширењето на болеста.
Со тоа, Црна Гора се вклучува во списокот од 79 земји каде што се регистрирани мајмунски сипаници.