„Кочоска објави дека во третиот квартал годинава јавниот долг пораснал за над 300 милиони евра во однос на вториот, и веќе во септември изнесува 11 милијарди евра. Јавниот долг се зголемеил, ама магично се намалил во проценти, од претходните 58,8 проценти во вториот квартал на 56,6 отсто од БДП во третиот квартал“, велат од СДСМ
Опозицискиот СДСМ ги обвини министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и премиерот Христијан Мицкоски дека манипулираат со податоците за јавниот долг на земјава. Целта, според СДСМ, е додека трае скандалот со Алта банка, на тој начин да се прикрие историското задолжување.

„Кочоска објави дека во третиот квартал годинава јавниот долг пораснал за над 300 милиони евра во однос на вториот, и веќе во септември изнесува 11 милијарди евра. Јавниот долг се зголемеил, ама магично се намалил во проценти, од претходните 58,8 проценти во вториот квартал на 56,6 отсто од БДП во третиот квартал“,
велат од СДСМ.
Во прилог на соопштението, партијата објави и табели за состојбата со јавниот долг во јуни и септември.
Вакво фалсификување на податоци, велат опозиционерите, Министерството за финансии нема направено никогаш од осамостојувањето, дури ни, како што велат, во времето на премиерот Никола Груевски.
„Вчера таа лично во јавност го потврди скандалозниот фалсификат со кој бесрамно реши да манипулира и да ги фингира податоците за јавниот долг. Тоа се поклопува со најцрниот извештај на ЕК. Овој криминален потег е само потврда за хаосот кој владее во институциите. Кочовска ги крие сите табели за јавен долг, СДСМ ги обелоденува“,
велат од партијата.
