„Такви договори веќе се склучени со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со владите на Австрија и Германија. Во септември се очекува средба на високо ниво со владата на Австрија, додека во октомври и со Словенија. Тоа е со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери“, велат од ресорното министерство
По денешниот двочасовен протест на транспортерите пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Министертвото за транспорт излегоа со соопштение дека работат на склучување билатерални догвори со земјите членки на Шенген-зоната бидејќи, како што додаваат, тоа е најсоодветно решение за надминување на проблемот.

Оттаму посочија дека го разбираат предизвикот со кој се соочуваат македонските транспортери, но бидејќи се работи за правила што важат во Шенген-зоната, она што можат да го направат е да склучуваат билатерални договорфи со земјите членки за издавање долгорочни визи.
„Такви договори веќе се склучени со Швајцарија, Хрватска и Романија. Интензивно работиме со владите на Австрија и Германија. Во септември се очекува средба на високо ниво со владата на Австрија, додека во октомври и со Словенија. Тоа е со цел да се постигнат билатерални договори и со овие земји за издавање долгорочни визи за македонските транспортери“,
се вели во соопштението.
Целта, како што посочуваат, е да се опфатат рутите на кои традиционално работат македонските транспортери, односно земјите каде што има најголема фреквенција на македонски транспортни компании.
„Потенцираме дека Македонија самостојно треба да го решава проблемот и единствениот начин во овој момент е преку билатерални договори со земјите од Шенген-зоната. Транспортната дејност е двигател на економијата и од тие прични сметаме дека таа не треба да запре, туку напротив, Владата и Министерството за транспорт продолжуваат активно со изнаоѓање дополнителни решенија“,
велат оттаму.
На денешниот двочасовен протест пред зградата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, транспортерите најавија дека доколку не се најде решение за нивниот престој во земјите од Шенген-зоната, тие се подготвени и да ги блокираат граничните премини.
Како најголем проблем го посочуваат начинот на кој им се пресметува престојот во странство, односно тоа што деновите им се бројат како да престојуваат во земјите како туристи.
Поврзани вести:
- (ВИДЕО) Транспортерите на протест: Ако не се најде решение за престојот во Шенген-зоната, ќе ги блокираме граничните премини
- (ФОТО+ВИДЕО) На пат сме за работа, не за одмор – порачаа превозниците на протестот пред Делегацијата на ЕУ
- Ни ги бројат деновите како да сме туристи, предолго чекаме на границите – велат професионалните возачи на протестот
