Протестот почна во 12 часот, а на улицата пред зградата на Делегацијата на ЕУ превозниците ги паркираа и своите камиони
„На пат сме по работа, не за одмор“, „Броиме денови, наместо километри“, Европски вредности или европски казни“, се дел од пораките што професионалните возачи од земјава, организирани од транспортната асоцијација „Макам-транс“, точно напладне ги покажаа на транспарентите на протестот пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.

Протестот почна во 12 часот, а на улицата пред зградата на Делегацијата на ЕУ превозниците ги паркираа и своите камиони.
Со протестот, тие бараат решавање на проблемот со ограничениот престој на превозниците во Шенген-зоната.
Во продолжение погледнете фотографии и видео од протестот на превозниците пред седитештето на Делегација на ЕУ во Скопје направени од екипа на „360 степени“:
Протестот, според најавите се очекува да трае до 14 часот.
Двочасовни протести, во истиот период од 12 до 14 часот, денеска ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) и во Црна Гора.
