Уште еден одличен ден за мир со Блискиот Исток, оцени американскиот претседател Доналд Трамп, откако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти потпишаа економски договор во Белата куќа.
–
„Уште еден одличен ден за мир со Блискиот Исток. Муслиманското мнозинството во Косово и Израел се согласија да ги нормализираат врските и да воспостават дипломатски односи. Добро направено! Наскоро ќе следат повеќе исламски и арапски нации“,
напиша Трамп на Твитер.
Израелескиот премиер Бенџамин Нетенјаху, пак, изјави дека Израел и Косово се согласија да воспостават дипломатски односи, а Косово, заедно со Србија, ќе отворат амбасади во Ерусалим.
Вучиќ изјави дека договорот потпишан во Белата куќа е билатерален, односно меѓу Србија и САД, а не и со Косово. Двете страни, како што рече, потпишале договори со САД од по 16 страници, ама нивната содржина, како што рече, не е идентична.