Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамки на преговорите, со посредство на САД, што предвидува преместување на српската амбасада во Ерусалим и признавање на Приштина од Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна попладнево со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Овалната соба, каде што беше потпишан економски договор, а американскиот претседател ќе учествува и на трилатерална средба.
Трамп изјави во Белата куќа дека Белград и Приштина се посветени на економската нормализација и дека е постигнат чекор напред кон економската соработка.
Како што пренесува „Блиц“, според договорот потпишан во Вашингтон денеска, Приштина, меѓу другото, ќе се приклучи на иницијативата за „мини Шенген“, без одлагање ќе започне изградбата на нови патишта и пруги, што подобро ќе го поврзе регионот, а во Белград ќе биде отворена канцеларијата на Американскиот фонд за развој.
Церемонијата на потпишување на договорот, иако беше најавена, не беше пренесувано во живо, објави Си-Ен-Ен.

Косовската делегација доцнеше на состанокот во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп затоа што Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај се спротивставува на договорот со Србија, поради една од точките за езерото Газиводе, кое се наоѓа на границата помеѓу Србија и Косово
Американскиот претседател рече дека договорот за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е историски и дека „со нетрпение очекува да ги посети двете земји во не толку далечна иднина“.
Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамки на преговорите, со посредство на САД, што предвидува преместување на српската амбасада во Ерусалим и признавање на Приштина од Израел.
По дводневните состаноци со претставници на администрацијата на Трамп, Вучиќ и Хоти се согласија да соработуваат за голем број економски прашања со цел да се привлечат инвестиции и да се отворат нови работни места.