Зборувајќи за двата товарни брода што иранските сили ги запленија во Ормускиот Теснец, рече дека тоа не се американски бродови, додавајќи дека сепак ќе продолжи да ја следи ситуацијата
Според „Њујорк пост“, нова рунда преговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи во Пакистан уште во петок
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема временска рамка за прекин на огнот со Иран, ниту пак, договор за нов датум за преговори, пренесува Си-ен-ен.

Тој во интервју за „Фоксњуз“изјави дека го продолжил прекинот на огнот со Иран на неодредено време, негирајќи ги објавите во медиумите дека го продолжил за три до пет дена.
Зборувајќи за двата товарни брода што иранските сили ги запленија во Ормускиот Теснец, рече дека тоа не се американски бродови, додавајќи дека сепак ќе продолжи да ја следи ситуацијата.
На прашањето би можел да заврши конфликтот со Иран, рече дека нема временска рамка и дека нема потреба од брзање.
„Нема временска рамка. Не брзаме. Луѓето велат дека сакам да завршам со тоа поради изборите, што не е вистина“,
рече тој.
Според него, целта во овој случај е постигнување добар договор за американскиот народ.
Оцени дека поморската блокада им нанесува поголема штета на иранските власти отколку бомбардирањето.
„Тие се плашат од блокади дури и повеќе отколку од бомбардирања. Тие се бомбардирани со години, но ги мразат блокадите“,
кажа американскиот претседател.
Според „Њујорк пост“, нова рунда преговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи во Пакистан уште во петок.
Извори во Пакистан велат дека постојат позитивни сигнали во контактите со Иран, што отвора можност за нови мировни преговори во рок од 36 до 72 часа.
Оваа информација доаѓа откако Трамп објави продолжување на сегашното примирје со Иран, со порака дека американската војска ќе остане во состојба на готовност сè додека Техеран не излезе со унифициран предлог.
