Трамп додава дека прекинот на огнот, кој требаше да истече во наредните часови, „ќе биде продолжен сè додека не се достави нивниот предлог и не се завршат преговорите, на еден или друг начин“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го продолжи примирјето со Иран сè додека Техеран не поднесе предлог за траен крај на конфликтот.
„Врз основа на фактот дека Владата на Иран е сериозно поделена, не неочекувано и, по барање на фелдмаршалот Асим Мунир и премиерот Шехбаз Шариф од Пакистан, од нас е побарано да го одложиме нашиот напад врз земјата Иран сè додека нивните лидери и претставници не можат да излезат со унифициран предлог“,
напиша Трамп на неговата платформа Трут соушал.
Тој додаде дека ѝ наредил на американската војска да „продолжи со блокадата и во секој друг поглед да остане подготвена и способна“.
Трамп додава дека прекинот на огнот, кој требаше да истече во наредните часови, „ќе биде продолжен сè додека не се достави нивниот предлог и не се завршат преговорите, на еден или друг начин“.
Претходно денеска Трамп даде сосема спротивна изјава во која рече дека не сака да го продолжи примирјето со Иран, кое истекува на 22 април.
Прекинот на огнот трае до утре, а одржувањето нова рунда преговори помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран за ставање крај на војната и понатаму останува неизвесно.
Велејќи дека Иранците немаат друг избор освен да преговараат, бидејќи наводно ги уништиле нивните морнарички и воздухопловни сили, Трамп посочи дека американската војска го искористила примирјето за да ги надополни своите резерви на опрема и е подготвена да продолжи со нападите врз Иран доколку не се постигне договор.
