Американскиот претседател, Доналд Трамп, веќе 24 часа нема никакви симптоми на ковид-19, а треска нема четири дена, соопшти неговиот лекар Шон Конли.
Како што пренесуваат медиумите, извештајот на Конли за состојбата на претседателот почнува невообичаено. „Претседателот утринава кажа дека се чувствува добро“, е првата реченица од неговиот извештај.
„Тој нема треска веќе четири дена, а повеќе од 24 часа нема никакви симптоми“,
додава Конли.
Според него, последните анализи кои биле направени во понедленикот укажуваат на трагови на антитела, кои пак ги немаше минатиот четврток, кога резултатот на тестот за ковид-19 беше позитивен.
На 2 октомври, Трамп објави на Твитер дека тој и неговата сопруга Меланија се заразени со новиот коронавирус и дека ќе бидат во карантин. Тој се лекуваше во болницата „Волтер Рид“ и по само три дена од неговото хоспиталзиирање ја напушти.