Главниот американски експерт за заразни болести смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела, но истакна дека тој лично не е запознаен со лекувањето на претседателот
Директорот на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести, Антони Фаучи, смета дека состојбата на претседателот Доналд Трамп, кој е дијагностициран со ковид-19, сѐ уште може да се влоши, пренесува Тасс.
„Проблемот е во тоа што болеста е сѐ уште во рана фаза. Не е тајна дека има случаи во клиничката историја кога луѓето повторно се разболуваат (реверзија) по пет до девет дена“,
предупреди Фаучи синоќа за Си-ен-ен, додавајќи дека реверзијата значи погрешна насока и проблеми.
Сепак, Фаучи смета дека ова веројатно нема да се случи, но предупреди дека лекарите на претседателот треба да бидат внимателни. Фаучи оцени дека Трамп изгледа многу добро по враќањето во Белата куќа од медицинскиот центар „Валтер Рид“.
Главниот американски експерт за заразни болести смета дека е многу веројатно дека на Трамп му помага некаков експериментален лек базиран на антитела, но истакна дека тој лично не е запознаен со лекувањето на претседателот.
„Не плашете се од ковид. Не дозволувате му да доминира со вашиот живот. Мојата администрација разви навистина одлични лекови и знаења за вирусот. Се чувствувам подобро од пред 20 години“,
порача Трамп на Твитер пред да ја напушти болницата.