Бизнисменот и ексградоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ, синот на осомничениот бизнисмен во „Империја“, Цветан Панделевски, Дејан, и сопругот на пратеничката Фросина Ременски нема да сведочат во судскиот процес за „Рекет“.
Судијката Васка Николовска-Масевска утрово, на почетокот на судењето, соопшти дека адвокатот на Бојан Јовановски-Боки 13, Сашко Дуковски, поднел известување до судот дека ги повлекува овие три лица од листата на сведоци.
Повлекувањето на Тодоровиќ и Панделевски следува откако тие минатата недела не се појавија на рочиштата на кои беа поканети.
Денеска во судот ќе сведочат тројца сведоци по предлог на Боки: Марија Јанковска, Алекс Кртов и Сергеј Варошлија.
*Поврзани вести: