Примерок од вештиот наод и мислење, информираат оттаму, на денешната главна расправа, од страна на судечкиот совет, им е доставен на јавниот обвинител и обвинетите во постапката, преку нивните бранители, за запознавање со наодите. Судењето, како што соопштија од судот, ќе продолжи на 24 јануари 2023 година кога и формално треба да почне од почеток заради бидејќи се поминати повеќе од 60 дена од претходното рочиште
Супервештачењето за автобуската несреќа кај скопското село Ласкарци, кое подолг период го кочеше судскиот процес за случајот, денеска непосредно пред почетокот на главната расправа пристигна во Основниот кривичен суд во Скопје, соопштија оттаму.

Предметот до Бирото за судски вештачења беше испратен на супервештачење пред една година, што беше причина судскиот процес да тапка во место и покрај неколкуте ургениции и дадени рокови од судот до Бирото за негово што поскоро изготвување.
„Денеска, непосредно пред почетокот на главната расправа за предметот со К.бр. 1407/19 поврзан со автобуската несреќа кај с. Ласкарци , во судот беше доставен предметот со сите списи и изготвениот вешт наод и мислење од Бирото за судски вештачење каде предметот беше испратен на супервештачење пред една година“,
се наведува во соопштението од скопскиот Кривичен суд.
Примерок од вештиот наод и мислење, информираат оттаму, на денешната главна расправа, од страна на судечкиот совет, им е доставен на јавниот обвинител и обвинетите во постапката, преку нивните бранители, за запознавање со наодите.
Судењето, како што соопштија од судот, ќе продолжи на 24 јануари 2023 година, кога и формално треба да почне од почеток бидејќи се поминати повеќе од 60 дена од претходното рочиште.
„Примерок од вештиот наод и мислење на денешната главна расправа, од страна на судечкиот совет, им е доставен на јавниот обвинител и обвинетите во постапката, преку нивните бранители, за нивно запознавање. Судењето ќе продолжи на 24.01.2023 година кога формално треба да почне од почеток заради проток на 60 дена, за што постои и согласност од странките, за потоа да бидат повикани на сослушување и вештите лица кои го изработија наодот, со што доказната постапка ќе биде завршена и ќе се изведат завршните зборови на странките пред објавување на првостепена пресуда“,
се наведува во соопштението.
Судечкиот совет во договор и согласност со странките постапката, закажа седум термини во текот на јануари и февруари 2023 година со цел забрзана динамика на постапката.
Претходно на крајот на ноември судот му даде рок на Бирото за судски вештачења до 5 декември годинава да биде доставено супервештачењето за автобуската несреќа кај скопското село Ласкарци. Но, и покрај овој рок, супервештачењето Бирото го доставило дури денеска.
Судот лани на 21 декември го испрати предметот на супервештачење во Бирото, откако двете страни во овој судски процес – обвинителството и одбраната доставија свои вештачења. Претходно Техничкиот факултет во Битола одби да го изврши вештачењето поради недостиг на стручни лица.
Оттогаш до сега, беа испратени дури десет ургенции за изготвување и доставување на супервештачењето.
Одолговлекување на судската постапка натрупуваше чувство на револт кај роднините на загинатите патници во автобуската несреќа, поради што тие кон средината на ноември се собраа пред судот и побараа правда.
Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус на „Дурмо турс“ кој возеше на редовна линија Скопје-Гостивар излета од автопатот во близина на селото Ласкарци. Загинаа 16 патници, а 37 беа повредени. Обвинети во овој судски процес се шест лица: сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, како и тројца вработени во станицата за технички преглед. Првите тројца се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека останатите за соучество во истото дело.