Спасовски се заблагодари што неговиот српски колега, Александар Вулин, лично дошол во посета и што Србија повторно се покажала како сосед за пример
Четирите српски хеликоптери пристигнаа во земјава и тие ќе се приклучат на двата македонските во гаснењето на пожарите.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека пристигнал и неговиот колега од Србија, Александар Вулин, и српскиот помошник-министер за кризни ситуации, Лука Чаушиќ.

„Голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани. Благодарение на функционалноста на системот, на професионалноста на службите – пожарникарите, полицијата, армијата, но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, како и одговорноста при известувањето на медиумите, успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола“,
вели Спасовски.
Тој додава дека будно се следи состојбата со пожарите и ангажирани се сите расположливи капацитети.