На првата седница, новиот ЦО го избра и новиот состав на Извршниот одбор, кој овој пат брои 18 члена, од кои повеќето не биле досега политички експонирани
Според Заев, тимот што победува не се менува, туку самиот се надградува
Од 18 члена на новиот Извршен одбор на СДСМ, девет се жени, а шест се од младината. Направивме промени. Додадовме свежина и нов полет, кои заедно со искуството ќе придонесат за дејствување на партијата во интерес на државата и граѓаните. Од 18 члена само пет се од стариот состав. Сега почнуваме ново четиригодишно поглавје, со јасно зацртани цели, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако вечерва заврши седницата на новиот Централен одбор, кој беше избран на денешниот 26.конгрес на партијата.
На првата седница, новиот ЦО го избра новиот состав на Извршниот одбор, кој овој пат брои 18 члена, од кои повеќето не биле досега многу експонирани во политиката во земјава.
Кои се новите членови на ИО
- Ана Данева Маркова
- Стефан Богоев
- Нина Фити
- Димитар Ковачевски
- Милена Стевановиќ
- Коста Костадинов
- Андријана Будимир
- Благоја Бочварски
- Рената Јајоска
- Петре Шилегов
- Софија Пејкова
- Мухамед Зекири
- Мелиса Ценоска Серафимовска
- Никица Бачовски
- Тања Томиќ
- Дарко Каевски
- Јована Тренчевска
- Васко Ковачевски
Кои се членовите на стариот ИО
Претходниот состав на ИО, пак, броеше 15, од кои десетина веќе дел од новото најтесно раководство на СДСМ.
- Благој Бочварски
- Рената Десковска
- Костадин Костадинов
- Есра Салихи
- Ѓоко Танасовски
- Весна Гершан
- Васко Талески
- Тања Стојановска Иванова
- Фросина Ременски
- Љатифа Шиковска
- Стефан Богоев
- Кети Василевска
- Нина Велкова
- Петре Шилегов
- Маринела Ојлеска
Нов мандат во ИО добија градоначалниците на Скопје и на Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пратеникот Костадин Костадинов и Мухамед Зекири, кој досега беше потпретседател на партијата.
По двајца нови секретари и потпретседатели
Меѓу оние, пак, кои веќе не се дел од најтесното раководство се поранешната министерка за правда Рената Тренеска Дескоска, поранешната потпретседателка и на СДСМ и на Собранието Фросина Ременски, Ѓоко Танасоски, ексдиректорот на Царинската управа…
„Тимот што победува не се менува, туку самиот се надградува. Составивме тим кој е спој на младост и на искуство, на континуитет и нова енергија… Постигнавме целосна родова рамноправност и соодветна етничка застапеност, вклучивме личности кои се докажале во своите професионални сфери, но досега не биле дел од партиските структури. Сдсм продолжува да се менува и да промовира нови стандарди во политичкото дејствување“,
рече Заев. на прес-конференцијата, со која го затвори 26.конгрес.
Тој соопшти дека на првата седница на новиот ЦО за претседавач со ова тело е избран Перо Костадинов, градоначалникот на Валандово.
За секретар за меѓународна политика на СДСМ е избран министерот за правда Бојан Маричиќ. Оваа функција до пред извесно време ја извршуваше Дане Талески, пред да замине за амбасадор во седиштето на НАТО во Брисел.
Генерален секретар останува Љупчо Николовски, а за нов организациски секретар е избран Мартин Попов, на местото на Душко Весковски.
Освен новата заменик-претседателка Сања Лукаревска, СДСМ доби и двајца нови потпретседатели, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче. Потпретседатели останаа и министрите за образование и за внатрешни работи Мила Царовска и Оливер Спасовски. Затоа, пак, Коста Петров не е веќе потпретседател, а Мухамед Зекири е избран за член на новиот ИО.