Таа функција во изминатиот период ја извршуваше Душко Вeсковски
Мартин Попов е нов организациски секретар на СДСМ, според информации на „360 степени“.
Тој е избран на функцијата на вечерашната прва седница на новиот Централен одбор на владејачката партија.
Попов едно време го предводеше Центарот за анализи и истражувања на СДСМ.
Централниот одбор претходно го реизбра Љупчо Николовски за генерален секретар на СДСМ.
За оргазациски секретар, пак, лидерот Зоран Заев овој пат избра ново име. Таа функција во изминатиот период ја извршуваше Душко Вeсковски, директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје.