Новиот состав на ЦО му даде уште еден мандат на досегашниот партиски секретар, кој е сега и вицепремиер за спречување корупција
Вицепремиерот Љупчо Николовски останува генерален секретар на СДСМ. Тој предмалку е реизбран на функцијата, на правиот состанок на новиот Централен одбор, кој беше избран на денешниот 26. конгрес.
Николовски првпат беше избран за генерален секретар по претседателските избори во 2019 година, кога за таа цел се повлече од функцијата министер за земјоделство.
Тој беше избран за генерален секреар, по разрешувањето на Александар Кирацовски, во екот на кадровските промени во партијата по претседателските избори, што лидерот Зоран Заев ги нарече „Метла“.
СДСМ денеска, исто така, избра нова заменик-претседателка, поточно Сања Лукаревска дојде на партиската функција што досега ја извршуваше Радмила Шекеринска.