Дополнителната земеник-министерка за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска-Стојковски најави дека ќе го пријави директорот на ЈСП „Скопје“, Кристијан Чушков, во Државниот инспекторат за труд за да се изврши вонреден надвор бидејќи, како што вели, не го ослободува од работа хронично болните и родителите на деца помали од 10 години.
Таа вели дека од денес ќе ги објавува сите оние за кои добила известувања и жалби.
„Повеќе вработени во јавниот сектор и работници од приватниот сектор ме информираа и се пожалија дека од страна на овластени лица од институциите во кои се вработени биле известени дека мора да се појават на работа, без разлика што се ослободени поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување. Во приватниот сектор има иста појава со потешки последици за вработените, односно по иста основа, на ослободените од работа им се исплаќаат симболични износи во вид на плата. Слична е состојбата и со годишните одмори“,
вели Стаменковска-Стојковски.
Таа ја објави Владата дека на секој можен начин им наштетува на вработените во администрацијата и дека не може да ги спроведе сопствените мерки.