Според весникот на албански јазик „Коха“, Постигнат е договор за формирање влада меѓу ДУИ и колаицијата СДСМ-Беса.
Весникот пишува дека рамките за соработка со владата за следните четири години веќе се поставени. Наводно, во идната влада на СДСМ и ДУИ ќе коалицира и ДПА, од каде што единствено лидерот Мендух Тачи обезбеди пратеничко место. Со ова, парламентарното мнозинство би имало 62 пратеници.
Како што се пренесува, официјални лица од двете политички партии (СДСМ и ДУИ н.з.) потврдиле за „Коха“ дека потврдувањето на коалицијата ќе се случи по 4 август, кога се очекува Зоран Заев, Али Ахмети и Билал Касами да ја официјализираат следната влада на јавна средба.
Весникот, исто така, дознава дека е постигнат договор и за премиерот, односно тој три години ќе биде од СДСМ, а една од ДУИ. Останува, наводно, само да се договори од каде ќе биде премиерот првата година.