Информациите во врска со истрагата, како што вели министерот, ќе бидат споделени со јавноста кога ќе има законски услови за тоа
Истрагата за случајот со бегството и враќањето на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, целосно се води во рамки на Обвинителството за организиран криминал, изјави претпладнево во Куманово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Целосно се води истрага во рамки на Јавното обвинителство. Сите активности што сме задолжени да ги спроведеме, да прибавиме докази, ги пријавуваме и ги доставуваме до Јавното обвинителство“,
изјави Спасовски.
Тој рече дека информациите во врска со истрагата ќе бидат споделени со јавноста кога ќе има законски услови за тоа.
„Кога ќе има законска можност да бидат споделени со јавноста овие детали, сигурно дека тоа ќе биде направено“,
рече Спасовски.