Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил ги повика ВМРО-ДПМНЕ да достават предлог за нов министер за труд и социјална политика кој ќе ја наследи разрешената Рашела Мизрахи.
„Го повикувам раководството на партијата да се издигне на нивото на моментот и да покаже одговорно однесување. Да го стават интересот на државата и на граѓаните во прв план и со предлог за нов министер за труд и социјална политика да земат учество во организација и спроведување слободни, демократски и фер избори и со тоа да го дадат својот придонес за остварување на европската интеграција на Северна Македонија. Во овој момент кога имаме позитивна најава дека ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за почеток на преговорите, потребно е одговорно однесување и од ВМРО-ДПМНЕ.“
– стои во статусот на неговиот Фејсбук профил
Поврзани вести:
ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи нов кандидат за министер за труд и социјала?