Двајцата пациенти на кои вчера им беа трансплантирани бубрези од починат донор се чувствуваат добро, информираше Министерството за здравство.
Дарителот е 40-годишна жена која имала мозочна смрт, а чие семејство одлучило да ги донираат органите. Нејзиното срце вчера почна да чука во градите на 39-годишна жена, а бубрезите ги добиле 44-годишен маж и 30-годишна жена.
„Трансплантацијата беше извршена кај 44-годишен маж, кој беше на хемодијализа и кај 30-годишна жена, која беше на перитонеална дијализа“,
велат од Министерството за здравство.
Во трансплантацијата учествувале неколку тимови од лекари и медицински лица:
Од Клиника за нефрологија: проф. д-р Гоце Спасовски, д-р Лада Трајческа, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Зоран Јаневски, д-р Владимир Пушевски и медицинските сестри Виолета Танчевска и Даниела Урдаревиќ.
Од Клиниката за урологија: д-р Сашо Дохчев, д-р Сотир Ставридис, д-р Јосиф Јанчулев, д-р Александар Трифуновски, д-р Димитар Трајковски, д-р Виктор Станков и д-р Александар Јосифов, заедно со тимот инструментари, болничари, транспортери и медицински сестри од Центарот за трансплантација на бубрези.
Анестезијата ја воделе: д-р Александра Петрушева, д-р Александра Гавриловска и д-р Билјана Андоновска.
Во процесот учествувал и тим од Институт за трансфузиона медицина: проф. д-р Кочо Димитровски и биолозите Персида Кадиева и Симона Караџовска.
Пациентката што ги донираше органите, со мозочна смрт ја дијагностицираше: д-р Весна Дурнев, д-р Билјана Андоновска, д-р Маја Мојсова Мијовска – национален координатор за трансплантација, во соработка со д-р Менка Лазарева од Рентген институтот и д-р Жан Зимбаков и д-р Елена Груева од Клиниката за кардиологија.