Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе расправа за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација, за човековите права во Ирска и за последиците од „брегзит“. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија
Поддршката на европските перспективи на Западен Балкан, меѓу другото, ќе биде дел расправата на парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), за време на есенската сесија која се одржува од 10 до 14 октомври, јавува дописникот на МИА.
Расправата на пленарната сесија на ПССЕ е предвидена за вторник 11 октомври, според извештајот подготвен од грчкиот пратеник и поранешен премиер Јоргос Папандреу.
Покрај тоа, ПССЕ ќе расправа за борбата против исламофобијата или антимуслиманскиот расизам, за дискриминацијата при вакцинација и за последиците од „брегзит“ за човековите права во Ирска. Собранието мора да расправа и за почитувањето на обврските од страна на Турција, Унгарија и Романија.
Планирани се и дебати за злоупотреба на Шенгенскиот информациски систем од страна на државите за воведување политички мотивирани санкции, дискриминација на жените во спортот, безбедни трети земји за барателите на азил, мерки за управување со илегалната миграција за депортации на море и копно, како и за преглед на работничките права.
На специјална церемонија ќе биде доделена Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“ за 2022 година, која ги признава извонредните активности на граѓанското општество во одбрана на човековите права, при што победникот ќе биде избран меѓу тројца кандидати од потесниот круг.