Руското Министерство за надворешни работи порано денеска соопшти дека Русија формално го напуштила Советот на Европа, тело надлежно за следење на почитувањето на човековите права со седиште во Стразбур
Комитетот на министри на Советот на Европа донесе одлука за тоа дека Руската Федерација од денеска, 16 март, престанува да биде член на оваа организација.
Како што е соопштено, оваа одлука е донесена „поради неоправданата и без никаква причина предизвикана руска агресија кон Украина“, а ова следува откако веќе Русија соопшти дека донела „своеволна, избалансирана и промислена одлука“ да се повлече од оваа организација.
„Синоќа Парламентот едногласно заклучи дека Руската Федерација повеќе не треба да биде држава членка на Советот на Европа. Комитетот на министри денеска ќе одржи вонредна седница и во светло на денешното известување од руското Министерство за надворешни работи ќе зборува за одлуката на руското раководство да се повлече од Советот на Европа“,
се вели во соопштението од Стразбур.
Руското Министерство за надворешни работи порано денеска соопшти дека Русија формално го напуштила Советот на Европа, тело надлежно за следење на почитувањето на човековите права со седиште во Стразбур, но останува отворената соработка со членови на оваа организација, пренесе Тасс.