Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје починаа две лица како последица на компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Станува збор за жена на 49 години од Липково, која на 3 април била примена со потешкотии во дишење и веднаш била поставена на респиратор. Вториот смртен случај е 73-годишен пациент од Скопје, кој на 19 април бил примен во болницата во многу тешка општа состојба.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, при што потврдени се 19 нови случаи на ковид-19 во седум града и тоа во: Скопје – 3, Куманово – 8, во Прилеп, Струга и Велес по 2 и по еден нов случај во Гостивар и во Виница.
Со ова вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја изнесува 1 386, а последната дистрибуција по градови е следна:
– Скопје – 471
– Куманово – 371
– Дебар – 51
– Штип – 34
– Прилеп – 141
– Тетово – 73
– Струга – 64
– Велес – 66
– Битола – 19
– Охрид – 15
– Кавадарци – 5
– Гостивар – 15
– Гевгелија – 4
– Струмица – 2
– Крива Паланка – 5
– Радовиш – 4
– Крушево – 3
– Кочани – 28
– Пробиштип – 2
– Кичево – 2
– Неготино – 4
– Демир Хисар – 1
– Македонски Брод – 2
– Пехчево – 1
– Валандово – 1
– Виница – 2
Од вкупно 335 тестирања, во Иинститутот за јавно здравје се направени 290, во „Биотек“ – 25, во „Систина“ со PCR метода – 15 и во МАНУ – 5. Досега во земјата се направени вкупно 15 120 тестирања на ковид -19.
*поврзана вест Новинарот Адамчевски го победи ковид-19: Не осудувајте ги мерките, не знаете како изгледа еден ден во болница