Во Скопје се очекува слично време, сончево и релативно топло, со слаба утринска магла во делови од котлината. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 23 степени Целзиусови
Денеска времето во земјава ќе биде наутро студено со слаба магла по одделни котлини, а во текот на денот претежно сончево и релативно топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува од север.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус четири до шест степени Целизиусови, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево и релативно топло, со слаба утринска магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот обланоста ќе се зголеми. Минималната температура во главниот град изнесува два степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени Целзиусови.
Во четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието што ќе предизвика пад на темепратурите до сабота за неколку степени. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.