Претставничката на Светската здравствена организација, научничката Сумија Сваминатан, вели дека суспендирањето на клиничките испитувања за вакцината против ковид-19 на фармацевстваката компанија „АстраЗенека“ може да биде и повик за освестување и да се разбере дека во научните кругови се случуваат и овие работи.
„Ова е повик за освестување за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени. Но, да не се обесхрабруваме“,
рече Сваминатан, на виртуелен брифинг во Женева.
Светските влади очекуваат вакцината да помогне да се стави крај на пандемијата на ковид-19, што предизвика повеќе од 900 000 смртни случаи и глобални економски превирања, а вакцината на „АстраЗенека“, СЗО ја окарактеризира како најперспективна.
Сепак, производителот на лекови оваа недела ги прекина тестовите во трета фаза, откако волонтер од Велика Британија заболел од невролошки симптоми што компанијата рече дека станува збор за необјаснива болест.
Вакцината на „АстраЗенека“ што ја развива заедно со Универзитетот во Оксфорд беше една од најнадежните за справување со новиот коронавирус.