Мизрахи на прес-конференција и Муцунски во телевизиски настап пласираа теза дека нема потреба од промена на таблата во Министерството за труд зашто Договорот од Преспа предвидува 5-годишен транзициски период на прифаќање на новото име за внатрешна употреба по почетокот на преговорите со ЕУ
„По влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна веднаш и во согласност со разумните административни практики ќе ги преземе сите неопходни мерки со цел надлежните органи на земјата од тогаш понатаму внатрешно да го употребуваат името и термините од член 1, став 3 од оваа спогодба во сите нови службени документи, кореспонденција и релевантни материјали“, пишува во Договорот од Преспа
Соочена со серија новинарски прашања за некористењето на уставното име на земјава и држењето прес-конференции пред пано на кое е напишано поранешното име на државата, министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, на денешната прес-конференција, се повика дури и на Договорот од Преспа, обидувајќи се да го оправда своето однесување.

„Може на друго место, на некои аналитичари да им го поставите прашањето во однос на Преспанскиот договор – дали треба да се стави табла (н.з. со новото уставно име), дали не треба да се стави… Јас во овој момент не ставам“,
беше еден од одговорите на Мизрахи.
Оваа теза вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма дополнително ја разработи секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Повикувајќи се на тврдењето на министерката Мизрахи дека таа ја користи таблата што ја наследила во Министерството за труд, Муцунски, меѓу другото, рече:
„Мене тоа ми е многу логично, бидејќи претпоставувам дека сега вицепремиерката Царовска подетално го прочитала Преспанскиот Договор во кој е предвиден, согласно истиот, политички преоден период кој се однесува на сите документи и материјали за внатрешна употреба и вели дека тој процес треба да се заврши при отварањето на секое поглавје на релевантно поле во преговорите и ќе биде финализирано во рок од 5 години оттогаш. Оттука, заклучок е дека согласно овој договор, кој е ратификуван во нашето Собрание, нема обврска по мое толкување, да биде смената оваа табла“,
рече Муцунски.

Што пишува во Договорот?
Муцунски и Мизрахи се повикуваат на оваа одредба од Договорот од Преспа:

Сепак, подетален увид во Договорот од Преспа покажува дека за државните органи, како што е Министерството за труд и социјална политика, има експлицитна обврска за користење на новото уставно име од моментот на влегување на Договорот во сила. Во конкретната одредба пишува:

Во Договорот има уште една точка која е поврзана со случајот на Мизрахи:

На овие одредби од Договорот од Преспа и Грција ја базира својата протестна нота испратена до Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.
Неизвесно е како кон однесувањето на Мизрахи ќе се постави премиерот Оливер Спасовски, кој најави дека прво лично сака да разговара со министерката на оваа тема.