Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека редовните избори треба да се одржат во април 2028 година, но доколку опозицијата поднесе барање во Собранието за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори позитивно
Од ДУИ велат дека континуирано ја истакнуваат потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата
Опозициската Демократска унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски за подготвеноста на неговата ВМРО-ДПМНЕ да оди на предвремени парламентарни избори, доколку во Собранието има такво барање.

Оттаму сметаат дека подготвеноста да се бараат решенијата преку институциите и преку волјата на граѓаните е одговорност што треба да се поздрави.
„Континуирано ја истакнуваме потребата од стабилна, функционална и легитимна влада, која ќе ја одразува политичката волја и легитимитетот на најголемите заедници во земјата“,
се вели во соопштението од ДУИ.
Според партијата, институципоналната стабилност и правичната застапеност се предуслови за справување со предизвиците со кои се соочува земјата.
Оценуваат дека политичката подготвеност за враќање правото на граѓаните да го дадат својот глас преку предвремени парламентарни избори претставува сериозна и институционална можност, со која во преден план се става интересот на граѓаните, политичкиот легитимитет и долгорочната стабилност на земјата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека редовните избори треба да се одржат во април 2028 година, но доколку опозицијата поднесе барање во Собранието за предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори позитивно.

„Оваа Влада ја доби довербата од граѓаните да го води мандатот од четири години. Имаме редовни избори во април 2028 година, но ако опозицијата поднесе бара во парламентот за предвремени зибори, ние сме тука, ќе одговориме позитивно, ќе имаме избори и ќе ги победиме“,
рече тој, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизологија.
