Според партијата, неговото професионално и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува општината
Предвремените избори за градоначалник на Брвеница се распишани за 18 октомври годинава
Владејачката Влен попладнево ја официјализираше кандидатурата на Јакуп Хусеини на вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Предвремените избори за градоначалник на Брвеница се распишани за 18 октомври годинава откако неодамна почина Јовица Илиевски, кој на последните локалните избори го доби вториот мандат да ја води општината.
Од Влен влеат дека Хусеини како магистер по правни науки и државен службеник во Општина Брвеница, нудат кандидат со правна подготвка, професионално искуство и непосредно познавање на општината.
Според партијата, неговото професионално и непосредната работа со жителите му овозможиле одблиску да се запознае со потребите, проблемите и предизвиците со кои се соочува општината.
„Нашата предност е јасна. Не губиме време со приспособување. Јакуп Хусеини ја познава општината, администрацијата, процедурите и потребите на жителите. Уште од првиот ден може да биде во нивна служба и да започне со работа и конкретни одговорности. Од првиот ден во служба на жителите на Брвеница“,
се вели во соопштението од Влен за кандидатурата на Хусеини.
На овие избори, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.
