Главниот град има најмногу активни случаи на ковид-19, велат податоците на Институтот за јавно здравје. Според најновите бројки, Скопје има 2 132 активни случаи. По него следуваат Битола со 364, Охрид со 247, Куманово со 218, Кавадарци со 215 и Прилеп со 213.
Во останатите градови бројот на активни случаи е под 200. Следуваат Тетово со 160, Велес – 150 и Струмица со 104 активни случаи. Останатите градови имаат под 100.
Струга 95
Штип 89
Гостивар 82
Неготино 78
Ресен 73
Кичево 70
Гевгелија 56
Кочани 46
Крива Паланка 46
Радовиш 39
Дебар 26
Демир Хисар 18
Кратово 18
Свети Николе 17
Берово 16
Крушево 16
Валандово 15
Македонски Брод 15
Останатите градови имаат по само неколку активни случаи – Пробиштип – 6, Делчево и Богданци по 5, Виница и Македонска Каменица по 3, Пехчево и Дојран по 2, а само Демир Капија нема ниту еден активен случај на ковид-19.