Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се нови 957 случаи на ковид-19. Потврдените случаи се од направени 2.100 тестови, што значи дека 45 отсто од тестираните биле позитивни.
Најголем број позитивни случаи се регистрирани во Скопје-487, додека по еден случај со ковид-19 е регистриран во Македонска Каменица и Дојран.
Од вкупниот број на позитивни, регистирани се 210 реинфекции, а во изминатото деноноќие има 616 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Според епидемиолошките анализи во земјава бројот на активни случаи изнесува 4.644.
Досега во земјата се направени вкупно 2.110.711 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 324.382, бројот на оздравени пациенти е 310.377, на починати е 9.361.