Од почетокот на епидемијата од ковид-19 во главниот град во земјава се регистрирани вкупно 25 228 ковид-случаи, од нив во моментов се активни точно 10 130.
Според податоците на Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 3 349 тестирања на ниво на цела земја, а регистрирани се 1 288 нови случаи на ковид-19. Од нив во Скопје се вкупно 570.
Неколку дена по ред, Гази Баба е на врвот на листата од скопските општини со најмногу активни случаи – вкупно 1 490. Веднаш зад неа е Аеродром со 1 474, а потоа следува Кисела Вода со 1 245. Уште две скопски општини имаат по над илјада активни ковид-случаи, тоа се Карпош (1 186) и Центар (1 173).
Во Ѓорче Петров бројката се искачи на 874, во Чаир на 639 и во Бутел на 584. Во моментов во Илинден има 251 активен случај, а во Шуто Оризари бројката надмина 200 и сега има 206 ковид-случаи.
Сарај брои 160 активни случаи, а Петровец 128. Во Чучер Сандево има 99, во Зелениково 83, во Сопиште 66, во Студеничани 52 и во Арачиново 31.
Во моментов на територијата на Скопје има 175 странци кај кои е потврден новиот коронавирус, а вкупно 214 ковид-случаи сè уште не се распределени по општини.